Аргентинката ги дрибла сите во Интер: Ванда ќе му ја уништи кариерата на Икарди

Контроверзната аргентинска старлета Ванда Нара, која е сопруга и менаџерка на ѕвездата мауро Икарди по се изгледа ќе му ја уништи кариерата на одличниот напаѓач со своето однесување и инаетот кој го тера кон раководството на „нераѕурите“.

Според последните информации од Милано, Ванда постојано избегнува состаноци со директорот на Интер, Џузепе Марота и веќе третпат не се појавила на договорен состанок со главниот оперативец на „нераѕурите“ околу иднината на својот сопруг. Сега, Марота бесен најавил дека Икарди нема да припари во првиот тим, а поддршка добил и од тренерот Антонио Конте, како и од газдата Жанг Јиндонг.

Поради односот на Ванда кон Интер, Икарди освен што ќе биде отстранет од првиот тим, ќе си тренира само одвоено и нема да влезе во никаква конкуренција, а со тоа практично си ја доведува кариерата под знак прашалник. Аргентинецот веќе преживеа еден пеколен период кога му беше одземена капитенската лента поради непотпишување на нов договор, иако беше најавено дека целата работа е завршена по преговорите и таму најмногу „кумувала“ Ванда.

Икарди не е омилен кај Конте, кој бара други напаѓачки опции (Един Џеко во фокусот), ама најголем проблем за Икарди во моментов е што кинескиот милијардер може да го плаќа, а практично да го уништи. Овој однос, ако се точни најавите дека го разбеснело Јингдонг, може да донесе Икарди да биде најплатениот навивач во историјата на фудбалот и да не заигра, а со тоа казната да има сериозни последици кон кариерата.