Апенините се тресат: Јувентус ќе му удри клоца на Пирло, доаѓа селекторот на „аѕурите“?!

Легендарниот фудбалски Моцарт, Андреа Пирло во август беше наименуван за прв тренер на Јувентус, потег на управата која ги изненади сите, откако „старата дама“ претходно раскрсти со Маурицио Сари, ама после само три месеци, веројатно избројани му се деновите на бившиот фудбалер на Јуве и екс-италијански репрезенттивец.

Италијанските медиуми во последните два дена на големо најавуваат дека Пирло е пред отказ, а дека неговото место ќе го заземе актуелниот италијански селектор Роберто Манчини, поранешниот кормилар на Интер, на Манчестер сити...

Дека ова не е обична шпекулација или желба, информацијата доаѓа од Паоло Зилијани, новинарот кој летоска прв објави дека Јувентус и Сари ќе се разделат, а Пирло ќе седне на клупата.

Јувентус загуби завчера со 0-2 од Барселона во ЛШ, а викендот ремизираше со Верона, па во Серија А има скор од две победи и три ремија по само пет кола.