Англиски репрезентативец уапсен по тепачка во бар – полицијата го изнела со лисици (ВИДЕО)
Тој е приведен под сомнение за две кривични дела — физички напад и нарушување на јавниот ред — а накратко потоа бил пуштен да се брани од слобода. Според драматичната снимка објавена од британскиот „Сан“, полицијата го извела 29-годишниот фудбалер со лисици од лондонскиот локал. Инцидентот започнал кога, според очевидци, еден навивач се обидел да го фати фудбалерот околу вратот за да направи селфи. Сведоци за медиумите изјавил дека Тони повторувал „Пушти ме, пушти ме“, по што наводно со глава го удрил човекот. Жртвата останала со сериозни повреди на носот, крварење, а подоцна било утврдено и скршен прст.
Според тврдењата на присутните, Тони можел да помисли дека групата мажи сака да го нападне поради накитот и скапиот часовник што ги носел. Полицијата пристигнала околу половина час подоцна и го привела напаѓачот. Од брзата помош потврдија дека три лица добиле медицинска помош, а едно било префрлено во болница. Повредите не се опасни по живот и истрагата продолжува.
Англискиот фудбалер минатата година премина од Брентфорд во Ал-Ахли за 40 милиони фунти, а во дебитантската сезона ја освои Азиската Лига на шампионите. За репрезентацијата на Англија има седум настапи, последниот ова лето. Кариерата на напаѓачот ја следеше и голема афера во 2023 година, кога беше суспендиран осум месеци поради повеќе од 230 прекршоци поврзани со обложување. ФА тогаш потврди дека не бил вмешан во местење натпревари.