Англиски клуб понуди 110 милиони евра за Кулибали!

По се изгледа најдобриот дефанзивец на Наполи, Калиду Кулибали ќе го напушти италијанскиот клуб. На адресата на клубот од Неапол стигнуваат многу понуди, а една посебно се издвојува.

Медиумите на Островот пишуваат дека Манчестер јунајтед понудил дури 110 милиони евра за сенегалскиот репрезентативец. „Ѓаволите“ веќе некое време се обидуваат да стигнат до црномурестиот фудбалер, но без успех. Сепак, во Јунајтед се сигурни дека Кулибали на крајот ќе заврши на „Олд трафорд“ и дека оваа понуда ќе биде прифатена.

Сенегалецот веќе неколку сезони игра на највисоко ниво во дресот на италијанскиот вицешампион. Тренерот на „ѓаволите“, Оле Гунар Солшер е свесен дека има проблеми во одбраната и затоа ќе направи се што е во негова можност да го ангажира Кулибали.