Англија во шок: Најголемите клубови ќе истапат од Чемпионшип, меѓу нив и Лидс на Алиоски?!

Неколку англиски клубови сакаат поголем процент од новиот договор за ТВ-правата, кој ќе почне да важи од наредната сезона.

Лидс, Астон Вила и Дерби каунти се дел од 15 екипи кои се борат со англиската лига за новиот договор, кој вреди 119 милиони фунти.

Клубовите од англиските Лига 1 и Лига 2 го поддржуваат новиот договор со „Скај“, но екипи Чемпионшип-лигата се строго против него.

Англиски „Сан“ пишува дека бил одржан состанок со сите 24 клубови, а дури 15 од нив се заканиле дека ќе ја напуштат Чемпионшип доколку не добијат подобри договори.

Споменатите клубови се разочарани со новиот договор зашто секој од клубовите ќе добие „само“ по 2,95 милиони фунти.

Според медиумите, клубовите имаат рок до наредната недела да ја кажат својта одлука, но тешко дека ќе го сменат нивниот став, кој е дека треба да заработуваат барем двојно повеќе.

„Скај“ во моментов пренесува 148 натпревари во живо по сезона, а со новиот договор таа бројка ќе биде зголемена на 183 дуели. Тие исто така ги имаат откупено правата за мечовите од плејоф-серијата и финалето.