Англичаните почнаа да се глупираат: Ливерпул останува без титула поради коронавирусот?!

Англиските медиуми одамна се познат дека од „глушец може да направат слон“, па откако избувна епидемијата на коронавирусот во Европа, пред сè во Италија, сега медиумите тури имаат и најлуда „теорија за заговор“ - Ливерпул ќе останел без титулата во Премиерлигата?!

Според британски „Телеграф“, актуелниот премиерлигапшки лидер, кој има 22 бода предност на табелата на 11 кола до крајот на првенството би можел да остане без трофејот кој го чека веќе 30 години, во случај да се прекине првенството на Островот.

Но, зошто Ливерпул би останал без титула ако се прекине првенството, нема јасно образложение. Само дека во правилникот на Премиерлигата немало член што ќе се случи ако не се одиграат сите 38 кола во шампионатот. И од ова, Англичаните направија теорија на заговор.

Епидемијата со коронавирусот се заканува да го сопре спортот, иако во Италија која е засега најпогодена, со преку 500 потврдени случаи не го прекинува првенството, туку тоа се игра без гледачи. Во Англија, каде бројката е далеку помала, засега нема најава ни за одигрување на мечеви без публика, ама на тамошните медиуми не е им е проблем од ништо да направат – проблем.