Андонова: Среќна сум што играм фудбал во ерата на најдобриот - Лионел Меси!

Наташа Андонова летово ја засили екипата на Барселона. Најдобрата македонска фудбалерка и една од најдобрите во Европа доби шанса да биде дел од еден од најславните клубови во светот. Денеска во интервју за клупската интернет страница, Македондката зборуваше за своите почетоци, кариерата и за нејзиниот најомилен фудбалер.

Нашата фудбалерка вели дека тргнала по стапките на нејзинот татко, кој своевремено бил професионален фудбалер. Од него се пресликала љубовта кон фудбалот, кој ја однесе во неколку фантастични места. Таа играше за Турбине Потсдам, Розенгард, ПСЖ и сега Барселона. 

Запрашана кој и е омилен фудбалер, Андонова без многу размислување изјави дека тоа е Лионел Меси, кој според неа е најдобриот на сите времиња. 

Целосното интервју на Наташа Андонова можете да го погледнете ТУКА.