Анчелоти заминува по мечот со Генк, Наполи веќе се договорил со друг тренер?!

Италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио откри дека Карло Анчелоти ќе го напушти Наполи по последниот меч во групната фаза во Лигата на шампиони против Генк.

Иако претходно се претпоставуваше дека победа ќе го спаси Анчелоти од отказ, сепак сопственикот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис нема повеќе трпение.

Наполи во последните девет натпревари во сите натпреварувања е без победа, а атмосферата во тимот воопшто не е добра.

Ди Марцио, исто така, открива дека Анчелоти сам ќе си поднесе оставка по мечот со Генк, а тоа најмногу би му одговарало на Наполи, зашто така нема да мора да му ги исплати парите за уште година ипол, колку што му важи договорот.

Како потенцијален наследник на Анчелоти и нов тренер на Елиф Елмас во Наполи се споменува Џенаро Гатузо, поранешниот фудбалер на Милан.