Анчелоти уверен: Реал Мадрид пак ќе игра во финалето на ЛШ!

И покрај притисокот по поразот од Ливерпул (2-0) на „Енфилд“, тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, останува уверен во иднината на својот тим.

Италијанскиот стратег, кој е најуспешниот тренер во историјата на Лигата на шампионите, порача дека „кралевите“ ќе се вратат на највисокото ниво.

„Најважно е дека Реал Мадрид повторно ќе биде во финалето на Лигата на шампионите“, изјави Анчелоти за шпанските медиуми.

Со пет титули во елитното европско натпреварување – две со Милан и три со Реал Мадрид – Анчелоти верува дека неговиот тим ќе успее да ја надмине моменталната криза. Реал, кој е на четвртото место во својата група, има уште три натпревари до крајот на групната фаза: гостувања кај Аталанта и Брест, како и домашен дуел со Салцбург.

Иако ситуацијата на табелата е неповолна, Анчелоти не се откажува од амбициите. „Кралевите“ се подготвуваат за голема борба за пласман во плејофот, со надеж дека ќе го потврдат својот статус како најуспешен клуб во историјата на натпреварувањето.