Анчелоти му помага на поранешниот клуб: Милан добива засилување од Наполи!?

Карло Анчелоти очигледно не го заборавил Милан, па подготвен е да се откаже од еден фудбалер за да му помогне на поранешниот клуб.

Милан очигледно најде засилување во Наполи, а станува збор за талентираниот Амаду Дијавара.

Младиот фудбалер за врска не е во плановите на Анчелоти, па запиша само четири настапи во Серија А сезонава.

Идејата е Дијавара да оди на позајмица во јануари, а на крајот на сезоната конечната одлука ќе ја донесе Анчелоти.

„Росонерите“ би можеле да добијат големо засилување во јануари, но тоа зависи и од УЕФА, зашто поради финансискиот фер-плеј се наоѓаат под истрага.