Аматеризам во Дортмунд: Одложен летот за Лондон - младата ѕвезда немала пасош

Борусија Дортмунд утре го игра првиот од два натпревари во осминафиналната рунда против Тотенхем. Германците требаше да се упатат кон Лондон со својот приватен авион, но следуваше шок. Младата ѕвезда, Џејдон Санчо си го заборавил својот пасош, па летот мораше да биде одложен.

Германскиот гигант и онака има „главоболки“ поради големата листа на повредени играчи, па потегот на Санчо дојде како „шлаг на тортата“.  „Милионерите“ сега се во исчекување на патната исправа на Санчо, а потоа ќе се упатат кон Лондон.