Алиоски по јубилејните сто меча: Лидс ме направи тотален професионалец!

Македонскиот репрезентативец Езџјан Алиоски, фудбалерот на англиски Лидс го очекува јубилејниот стоти меч во третата сезона откако од швајцаски Лугано дојде во англискиот клуб во летото 2017 година и откако е тренер Марсело Биелса, практично е незаменлив во тимот на бившиот полуфиналист во Лигата на шампионите.

Лидс го очекува пресметка со Дерби Каунти, екипата која го елиминира клубот на нашиот репрезентативец во минатосезонскиот плејоф, а за Алиоски ќе биде посебен зашто е јубилеен.

„Горд сум на тие сто меча. За вакво нешто не ни помислив, не размислував, ама сега кога ќе сфатам – навистина се гордеам. Гордо излегувам на секој меч и секој настап за Лидс ме прави среќен. Јас му благодарам на Лидс“, вели Алиоски.

Македонскиот репрезентативец одби да каже дали преговара за нова соработка со клубот, но ја посочи желбата.

„Сто меча достигнав и се гордеам, ама сакам уште нови сто за Лидс“, потенцира Алиоски.

Да не се повредеше во финишот на минатата сезона, откако одигра 44 меча и на сите беѓе стартер во Чемпионшип, Алиоски веќе ќе ја достигнеше јубилејната бројка. Вака сега ќе ги запише првите сто меча во англискиот тим, кој е еден од главните фаворити во идната сезона да игра во Премиерлигата.

„Јас мислам дека ги оправдав очекувањата откако дојдов тука. Овој клуб ми даде многу и ме промени. Пред се напредував како личност. Најмногу околу одлуките на теренот, но исто така многу напредував околу исхраната, одржувањето на тежината. Лидс ме направи да бидам многу поголем професионалец. Морам да кажам дека среќен сум и горд сум што играм пред вакви навивачи, секој фудбалер во Лидс така се чувствува. Мислам дека се едни од најдобрите што сум ги видел во кариерата“, додава Алиоски.