Алиоски влезе во второ полувреме, Лидс освои само бод против Лутон

Лидс одигра само 1-1 против Лутон во 40. коло од англиската Чемпионшип-лига, додека македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски заигра од второто полувреме.

Алиоски влезе во игра во 46. минута од мечот, по што Лутон постигна гол за 1-0 преку Корник, по што Далас ги постави конечните 1-1.

Лидс има 75 бодови на првата позиција, додека зад нив е ВБА со 71.