Алиоски влезе од клупата за резерви, Лидс врза втора победа по ред

Лидс конечно ја прекина катастрофалната серија со која се соочи и сега со две победи по ред конечно делува како екипа, која може да избори директен пласман во Премиерлигата. Тие денеска успеаа да слават против Рединг со минимални 1-0.

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски заигра како резерва и влезе во игра во 37. минута од мечот, па им помогна на своите соиграчи да го запишат 18. триумф сезонава.

Лидс во моментов има 62 бодови, односно четири помалку од лидерот ВБА и пет повеќе од третопласираниот Фулам.