Алиоски стигна до 15 гола за Лидс, ама и израмни тридецениски рекорд на шкотска легенда (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Егзијан Алиоски вчера го постигна првиот сезонски гол за Лидс во убедливиот триумф со 3-0 кај Стоук, па за левиот бек ова беше јубилеен 15-ти гол.

Алиоски дојде како крилен напаѓач од Лугано, но со новиот тренер Марсело Биелса игра повеќе како лев бек, но сооглед на доминацијата во поседот, практично македонскиот репрезентативец повеќе „виси“ во напад, па оттаму и погодоци за својот клуб. Во третата сезона откако дојде во Англија, сега успеа да израмни и еден рекорд и тоа стар – 30 години.

Англичаните се познати по секакви „луди статистики“, па од Лидс пресметале дека после Гордон Страхан, шкотската легенда и бивш тренер на Селтик и екс-селектор, никој не успеал на две последователни гостувања на незгодната „Викторија Граунд“, кај Стоук да даде гол. А, тоа му успеа на Алиоски, зашто во оваа 2019 година, двапати погодува на овој стадион.