Алиоски стандардно се „глупираше“ во тунелот, па ги налути редарите (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски има еден чудна ритуал пред секој меч, па на излегување на играчите, го „тресе“ подвижниот тунел. Пред мечот на гостувањето кај Дерби (1-0 за Лидс) го направи истото, ама овојпат ги налути редарите на мечот.

Дури и редарите тргнаа да го запрат, а Алиоски само им се насмевна и продолжи со соиграчите кои требаше да го играат мечот. Македонскиот лев бек не игра по операцијата на менискусот, со што практично ја заврши сезоната.

Лидс победи на првиот полуфинален меч од плејогот, сега ги чека домашниот реванш и најверојатно билет за најспектакуларниот и највреден меч на светот – дуел со Астон Вила или Вест Бромвич на „Вембли“ за место во Премиерлигата.