Алиоски: По шест часа дневно тренираме, ама рано е да говориме за – Премиерлигата!

Англиски Лидс е тргнат на добар пат кон Премиерлигата, каде веќе деценија ипол не успева да се врати како елитен клуб, па по 27 кола во Чемпионшип, тимот на макеоднскиот репрезентативец Езгјан Алиоски е четири бода пред ривалите Норич и Шефилд јунајтед.

Алиоски е силно оспоруван на Островот, навивачите постојано го критикуваат, иако во 2019 година тргнаа со многу пофалби за неговата игра, но без оглед на сè, македонскиот репрезентативец е најстандарден кај Марсело Биелса. Ги одигра сите мечеви како стартер во Чемпионшип, беше стартер и во ФА-Купот..., а оваа 2019 година ја почна со – гол и асистенција!

„Рано е да зборуваме за промоција во Премиерлигата! Само 27 меча досега се одиграни и има уште многу пат дотаму. Но, мора сите да знаат дека никој не тренира повеќе од нас, никој не се труди толку многу како нас, за да стигнеме до целта. И секој ден работиме по пет-шест часа, само за да го оствариме тоа“, вели Алиоски.