Алиоски останува без тренер: Биелса има понуда Премиерлигата

Менаџерот на Лидс јунајтед, Марсело Биелса е главен кандидат да го наследи Марко Силва на клупата на Евертон. 

И покрај силните вложувања во тимот изминатото лето, „карамелите“ играат под очекуваното ниво. Евертон е на 9.место на табелата во Премиерлигата и е во серија од три порази по ред, а на последните пет дуели има четири порази и само една победа.

Тимот од Ливерпул е поблиску до опасната зона отколку местата кои водат во Европа, па затоа менаџерот Марко Силва е под силен притисок и од навивачите и од челниците на клубот.

Англиските медиуми шпекулираат дека менаџерот на Лидс, Марсело Биелса е главен кандидат да седне на клупата на „Гудисон парк“. Аргентинецот е познат по својата методичност и железна дисциплина, а Евертон смета дека тој е вистинскиот човек за клубот.

Лидс моментално е на второто место на табелата во Чемпионшип дивизијата со 58 бодови или два помалку од лидерот Норич.