Алиоски ќе биде стартер против Астон вила (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски ќе биде стартер во вечерашниот меч против Астон вила во шестото коло од англиската Премиерлига.

Тренерот Марсело Биелса реши да му даде шанса на македонскиот фудбалер од првата минута, откако во минатиот меч не му даде минутажа на Алиоски, а на крајот Лидс беше поразен со 0-1.