Алиоски игра во супер форма – даде мангупски гол со лоб од 20 метри (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски игра во суперформа за Лидс, па денеска постигна гол по подолго време и тоа на мангупски гол со лоб против Болтон за да му донесе ново водство на својот тим.

Алиоски повеќе сакаше да центрира, ама наместо тоа успеа да го изненади голманот на Болтон и да го матира за огромна радост на навивачите, по што Лидс ја продолжува трката за место кое директно води во премиерлигашката елита, каде овој тим чека настап цели 15 години.