Алиоски доби шанса од клупата, Лидс го прегази Саутемптон (ВИДЕО)

Лидс ја прекина серијата од два порази во Премиерлигата и го совлада Саутемптон со убедливи 3-0 во 25. коло од англискиот шампионат.

Бамфорд прв ја затресе мрежата на гостите во 47. минута од дуелот, по што на теренот влезе македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски во 59. минута.

Во самиот финиш од натпреварот паднаа уште два гола во мрежата на Саутемптон, а тоа беше дело на Далас и Рафиња (3-0).

Лидс по 25 одиграни меча се наоѓа на 10. позиција со 35 бодови.