Алиоски доби минимална минутажа, Лидс чекори кон пласман во Премиерлига

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски влезе во игра дури во 93. минута од мечот против Хадерсфилд во победата на неговиот тим од 2-0 .

Лидс се наоѓа во победничка серија во Чемпионшип-лигата и конечно се наоѓаат во многу добра позиција да обезбедат пласман во Премиерлигата.

Екипата на Алиоски во моментов се наоѓа на првото место со 71 бод, односно еден помалку од ВБА, додека трет е Фулам со 64 бодови.