Алекс Фергусон откри поради која одлука и денес жали

Легендарниот тренер на Манчестер јунајтед, Сер Алекс Фергусон ја откри својата најголема грешка од времето кога го водеше овој клуб. Иако стигна до победата против Челси во финалето на ЛШ во 2008. година, сепак Шкотот призна дека жали за една одлука на овој натпревар.

„Да го освоиш пехарот во ЛШ е фантастично чувство. Но, мојот најголем проблем во финалето во 2008. година беше тоа што Парк Џи Сунг не го внесов во протоколот за натпреварот, дури ниту на клупата не го ставив. Тој ќе одиграше фантастична улога во тоа финале и тоа е проблемот во финалињата. Многу е тешко да ги одбереш играчите“, призна Фергусон.