Албанец бил главниот за трансферот на Модриќ во Милан - му бил опсесија!
40-годишниот Лука Модриќ е лидер на Милан, бележи одлични настапи и ги надмина сите очекувања.
А Ди Марцио тврди дека најзаслужен за доаѓањето на Хрватот во Милан е директорот Игли Таре.
„Модриќ беше идеја на Таре, тој беше негова опсесија. Потоа дојде одобрение од Алегри и од клубот, но во моментот кога Таре дојде во Милан, тој веќе имаше испланирано Модриќ да биде неговиот прв голем потпис“, напиша Ди Марцио.
Игли Таре е поранешен албански репрезентативец кој сега е спортски директор на Милан, претходно оваа функција ја вршеше во Лацио каде што беше речиси 15 години.