Аларм на „Камп Ноу“: Бартомеу закажа итен состанок!

Претседателот на Барселона, Жозе Марија Бартомеу закажа итен состанок во понеделник, на кој треба да биде отпуштен тренерот Кике Сетиен.

Срамниот пораз на Каталонците од Баерн Минхен (2-8) во четвртфиналето на Лигата на шампиони направи хаос во Барселона.

Сетиен во Барселона стигна пред шест месеци, па најпрво ја загуби титулата во Шпанија, а потоа како уште еден шок дојде убедливиот пораз од Баварците.

На состанокот постои можност да се разговара и за предвремени претседателски избори.