Ако Влаховиќ сака да игра фудбал наредната сезона, ќе мора да прифати двојно помала плата!

Според „Газета дело Спорт“, Милан има подготвено понуда која смета дека ќе биде доволна за да го убеди српскиот напаѓач да се пресели на Сан Сиро.

Станува збор за договор вреден шест милиони евра по сезона, што е речиси двојно помалку од платата која Влаховиќ моментално ја има во Торино. Сепак, во пакетот се вклучени бонуси за голови и евентуални трофеи.

Кога станува збор за договор меѓу клубовите, Јувентус бара околу 20 милиони евра, но Милан ќе се обиде да ја намали сумата бидејќи Влаховиќ влегува во последната година од својот договор.

Во Милано веруваат дека Алегри може да ја одигра клучната улога во убедувањето на Влаховиќ, особено ако клубот покаже амбиција да се бори за трофеи веќе оваа сезона.