Ако не ви е јасно зошто Њукасл има пет порази по ред - погледнете го загревањето (ВИДЕО)

Њукасл е во очајна форма во Премиерлигата и веќе девет натпревари не знае за победа, а Лидс јунајтед синоќа му го нанесе петтиот пораз во низа. 

Момците на Стив Брус веќе опасно се доближуваат до зоната за испаѓање. Навивачите го открија проблемот со тимот. Тие не можат да го погодат голот ниту на загревање, а не на натпреварот. Ова видео јасно покажува зошто Њукасл е во долниот дел од табелата во Премиерлигата.