Ако не го купат Модриќ, Интер тргнува по еден од најдобрите Аргентинци!?

Макси Меца беше дел од репрезентацијата на Аргентина на Светското првенство во Русија, а сега би можел конечно да се пресели во Европа.

Овој 26-годишен играч има квалитети кои им се допаднале на управата на „нераѕурите“, зашто „Спорт медиасет“ пишува дека Интер почнале интензивни преговори со неговите претставници бидејќи не се сигурни дали ќе го добијат Лука Модриќ.

Меѓутоа, италијанските медиуми предупредуваат дека не е само Интер заинтересиран за неговите услуги.

Инаку, Меца во моментов игра за аргентински Индепендиенте со кој има договор до 2021. година.