Ако Модриќ потпише за Интер, Реал веќе определи негова замена од Серија А

Секојдневно се зголемуваат шпекулациите кои го поврзуваат Лука Модриќ со трансфер од Реал Мадрид во Интер. Италијанските медиуми пишуваат дека „кралевите“ веќе имаат и одбрано евентуално замена за Хрватот. 

„Газета дело спорт“ пишува, дека Миралем Пјаниќ ќе биде прва трансфер цел на Реал Мадрид како замена за Лука Модриќ. Двајцата фудбалери се со слични карактеристики и стил на игра, па Босанецот би бил идеална замена за Хрватот на „Сантијаго Бернабеу“.

Цената на Пјаниќ е исклучително висока, а Јувентус го проценува на околу 90 милиони евра. Со оглед на последната добра соработка помеѓу Реал и Јувентус во насока на трансферот на Кристијано Роналдо, тогаш овој трансфер не е невозможен.

Сепак, многу работи ќе зависат од тоа дали Модриќ навистина ќе замине во Интер.