Ајаксовиот суперталент има потресна приказна: Со ноќи не спијам кога ќе го видам Апи!

Ајаксовиот суперталент Дони Ван дер Бек, едно од момчињата на холандскиот великан кој блесна сезонава и го сврте вниманието кон себе, ја исполни најголемата желба на својот голем пријател Абделхак Нури, несреќниот талент кој пред две години тоживеа срцев удар, а потоа сето тоа се искомпликува и по мозочниот удар сега е неподвижен.

Нури беше еден од многубројните таленти на Ајакс, заедно со Клајверт јуниор, Ван дер Бек, Де Јонг, Де Лихт... Но, на подготовките доживеа срцев удар, а лошата лекарска интервенција, која Ајакс си ја призна, на медицинскиот тим предизвикала мозочни оштетувања со трајни последици по животот на Нури.

И страшниот настан Ван дер Бек не може да го преболи. Ајакс синоќа ја освои шампионската титула, а фудбалерот за врска ја посвети круната на настраданиот пријател и бивш соиграч, со кого се заедно практично од пионерските денови.

„Често одам во посета кај неговото семејство, а кај Апи ќе одам за време на празниците. Не одам често за да се заштитам самиот себе, зашто премногу тешко ми е кога ќе го видам закован за болнички кревет. Не сум бил одамна, зашто кога и да одам толку многу се растажувам. Тешко ми е многу, со недели сум тажен, не спијам навечер... Многу ме боли сето тоа. Многу ми недостига, сакам секој ден да го гледам, ама сега на ваков начин нема да функционира. Кога сум со него, често му зборувам за многу работи, понекогаш ќе видам и насмевка на неговото лице. Знам дека нешто до него длабоко навистина допира“, потресно се исповеда Ван дер Бек.

Не минува ден, а холандскиот репрезентативец да не помисли на неговиот пријател.

„Апи беше толку паметен. Од млади седевме еден до друг во соблекувалната. Сега сакам да го носам дресот со број 34, зашто ја освоивме 34-та титула. После несреќата размислував буквално за сè, за сè што зборуваше. Знаев дека нема да си одам од Ајакс додека не освојам титула. Многу ја посакував таа титула. Секој ден мислам на нискиот играч со број 34. И кога ќе ме прашаат за Апи, тешко ми е да говорам. Јас сум повлечено момче, а кога ќе се растажам уште повеќе се повлекувам. Но, психолог не ми треба, имам сè во семејството, кај пријателите.Тие се секогаш со мене и кога ми е тешко ќе ме сослушаат“, додава Ван дер Бек.

Ниру колабираше поради срцева аритмија, но лошата интервенција предизвикала мозочно оштетување, зашто главниот орган немал доволно кислород. Нури никогаш нема да закрепне, а беше еден од најголемите таленти во својата генерација.