Ајакс постави рекорд во Холандија: На Венло му даде 13 гола и тоа на гости! (ВИДЕО)

Поранешниот четирикратен европски првак Ајакс му се истури денеска на ВВВ Венло, па го уништи на негов терен со неверојатни 13-0 во холандската „Ередивизија“ и да постави рекорд, а гигантот од Амстердам да се врати барем привремено на првото место на табелата.

Ајакс уште во првото полувреме најави дека на Венло ќе му нанесе тежок пораз, откако набрзина даде четири гола, но тешко дека некој претпоставуваше дека бројката ќе надмине двоцифрена, ама во вториот дел дури осумпати „копјаниците“ ја погодија мрежата и до врв го наполнија противникот.

Ласина Траоре даде дури пет гола, па имаше уште и две асистенции, а погодоци дадоа уште Екеленкамп и Хунтелар по двапати, Тадиќ, Ентони, Блинд и Мартинез за фантастичната понбеда на холандскиот великан. Сè тргна наопаку за Венло, кој и онака инфериорен, од 52-та минута остана со десетмина, па две минути потоа почна канонадата од осум гола до крајот на мечот во второто полувреме за конечните 13-0 на Ајакс.

За Ајакс ова е најголема победа во историјата на холадскиот фудбал, а само една во Европа е поголема и тоа во 1984 година против луксембуршки Диферданж со 14-0.