Агуеро: Подготвен сум за сабота, тестовите покажа дека се е во ред!

Откако фудбалската јавност се преплаши по информациите дека аргентинскиот репрезентативец Серхио Агуеро паднал во бесознание во соблекувалната, на полувреме од пријателкиот меч Аргентина-Нигерија (2-4), напаѓачот на Манчестер сити објави дека со него е се во ред.

Два дена откако Манчестер сити демантираше дека Агуеро изгубил свест и дека тоа што во болница завршил на полувреме од мечот било поради вртоглавица, Аргетинецот денеска објави дека е подготвен за дуелот со Лестер задутре во Премиерлигата. Агуеро имаше дополнителни тестови по враќањето во Манчестер.

„Подготвен сум за саботниот меч. Тестовите кои ми ги направија покажаа дека е се во ред “, објави Агуеро.

Тој неодамна имаше тешка сообраќајка по која заработи скршено ребро, кога такси удрило во бандера во Амстердам, каде Аргентинецот бил на концерт користејќи слободен ден.