Адвокатот кој двапати го одложи Брегзит ќе го спасува Манчестер сити!

Англискиот шампион Манчестер сити во желба да остане дел од европската елита и Лигата на шампионите после двегодишната суспензија што ја доби од УЕФА го ангажираше „специјалистот“ за останување во Европа, Дејвид Паник, познат како човекот кој двапати успеа да го одложи излегувањето на Велика Британија од Европската унија, познат како Брегзит.

Паник важи за еден од најдобрите адвокати на Островот, а Манчестер сити ќе го плаќа по 20.000 фнти дневно, што не е никаков проблем, особено ако успее да ја урне првостепената пресуда со жалбите на второстепена комисија и на Арбитражниот суд во Лозана (КАС), па на „граѓаните“ да им донесе најмалку 150 милиони евра приходи (толкава е проценката дека ќе загубат само со неиграњето во ЛШ), плус 30-те милиони евра што треба првакот да ги плати за казната што неодамна ја доби.

Инаку Паник, кој има 63 години го доби спорот пред две години кога ја застапуваше Џина Милер, во тужбата против тогашната премиерка Тереза Меј за да го извади Обедниетото Кралство од ЕУ без дозвола на пармалентот. Потоа го доби и случајот кога Милер го однесе проблемот со Брегзит до Врховниот суд, со тврдењето дека актуелниот премиер Борис Џонсон ѝ дал незаконски совет на кралицата Елизабета за да се изигра Парламентот околу Брегзит.

Овој адвокат има титула Лорд од 2008 година, а е специјалист за човекови права и уставно право. Сити сега тргнува во акција да ја урне пресудата на УЕФА со помош на Паник, а во меѓувреме подговтува и битка на цивилните судови, па женевскиот адвокат Карлхарс Карард е ангажиран да го подготви случајот, ако се загуби битката во спортскиот сектор, да се тргне во акција во швајцарскиот сојузен суд, поради тоа што седиштето на УЕФА е во Швајцарија.