Адидас подготви специјални дресови за Арсенал (ФОТО)

На социјалните мрежи се појави новиот дрес на Арсенал и ако навистина биде во употреба, навивачите ќе бидат воодушевени.

„Топчиите“ се подготвени да се вратат на Адидас. А, тоа ќе биде првпат од почетокот на деведесетите години тимот да биде спонзориран од германски Адидас.

Адидас договорил соработка со Арсенал вредна 60 милиони фунти по сезона, а тоа е двојно повеќе од соработката со Пума.