Адидас го потврди трансферот: Санчез доаѓа во Манчестер јунајтед (ФОТО)

Трансферот на чилеанската ѕвезда Алекс Санчез во Манчестер јунајтед е веќе извесен, па само прашање на време е кога „црвените ѓаволи“ ќе го официјализираат истиот. Но, како и во случајот со Барселона, и сега за Манчестер јунајтед, техничкиот спонзор предвреме го откри трансферот.

Германскиот гигант за спортска опрема „Адидас“, кој е спонзор на Јунајтед веќе пуштил дресови во продажба, а Санчез ја доби славната седумка. Последен кој ја носеше со голем успех е Кристијано Роналдо. Дресот на Санчез се продава во официјалната продавница на германскиот спонзор во Лондон.

Инаку Санчез на „Олд Трафорд“ треба да заработува по 350.000 фунти и брзоногиот напаѓач треба да биде еден од најплатените фудбалери заедно со Пол Погба и Ромелу Лукаку