Адеми се сели во Рома, а Динамо ќе инкасира - 4 милиони евра?!

Искусниот македонски интернационалец, кој настапува за Динамо Загреб, Аријан Адеми повторно се поврзува со трансфер во европски гигант.

Спортскиот директор на Рома, Мончи наводно бара нови засилувања за екипата од Рим, па тренерот Еусебио Ди Франческо побарал фудбалер за врска, а изборот паднал на нашиот интернационалец.

„Газета дело Спорт“ пишува дека 27-годишниот македонски интернационалец би можел да направи трансфер на кариерата и конечно да заигра во европски гигант.

Рома, наводно, била подготвена да му плати на Динамо Загреб сума од четири милиони евра за услугите на Адеми.