Адебајор: Моите најблиски само бараат пари од мене, сакав да се самоубијам!

Славниот тогански фудбалер, Емануел Адебајор, во кариерата играше за бројни клубови, а меѓу најзвучните беа Реал Мадрид, Арсенал и Тотнем.

Додека играше во Арсенал и Тотнем заработуваше по 200 илјадуи евра месечно, а потоа имал проблеми кога неговото семејство се обидело да изманипулира со него поради пари.

„Неколку пати сакав да си го одземам животот. Тоа се случува со години. Не можам да поверувам дека стигнав до оваа точка, но додека зборувам за ова, чувствувам големо олеснување. Многу е тешко да решите некои работи кога се трудите да го кренете семејството од сиромаштија, а тие и понатаму одат против тебе. Секогаш им велев на браќата дека нашето семејство сакаше само да нѐ искористи“, се отвори Адебајор.

Поради ваквата ситуација, актуелниот напаѓач на турски Башакшехир мора да игнорира поедини членови на семејството.

„Морам често да го менувам бројот на телефонот. Не ми се јавуваат да прашаат како сум, туку само бараат пари. Така беше и кога бев повреден. Не мислат на мене, мислат на парите кои ги заработувам“, искрене е Адебајор.

Од сите членови на семејството, посебно лош однос има со мајката. Неа ја обвини дека користи црна магија за да му наштети.