Абрахам со гол со петица ја врати Рома на победничка патека (ВИДЕО)

Фудбалерите на Рома брзо се рехабилитираа по неочекуваниот пораз на гостувањето кај Верона (2-3) минатиот викенд, откако вечерва минимално, но заслужено, пред своите навивачи го совлада тимот на Удинезе (1-0).

Тоа беше тврд меч без многу шанси, а кој беше решен со погодокот на Тами Абрахам во 36. минута и тоа на малку чуден начин и тоа делумно со петица, по фантастичниот продор на Какафиори по левата страна. Второто полувреме донесе тактичко надмудрување во кое гостите немаа вистинска шанса за изедначување.

Со овој триумф, Рома се врати на четвртата позиција на табелата во Серија А со 12 бодови,зад Наполи, Интер и Милан.