Жуниор се прости од Шкендија: Време беше за нов чекор во кариерата!

Бразилскиот интернационалец Стенио Жуниор после шест години во тетовска Шкендија, откако дојде од битолски Пелистер се прости од навивачите на црвено-црните, а актуелниот македонски првак официјално објави дека „кариоката“ си заминува во летонска Рига.

Жуниор е еден од неколкумината фудбалери кои си заминуваат од Шкендија, откако прво си замина „големото засилување“ Фелипе, а потоа заминаа и Зени Хусмани, Егзон Бејтулаи... Жуниор си оди шест месеци пред истекот на договорот со Шкендија.

„Ова беше една прекрасна авантура, но дојде време за да заврши истата. Ќе ја паметам по големото искуство, победите, трофеите, радоста... Му благодарам на цело Тетово и на сите тетовци за сета позитивна енергија која ја добив и како човек и како играч. Но, сега е време за нов чекор во кариерата. Продолжувам во Летонија, а Шкендија донесе одлука да ме продаде пред да истече договорот. Ова беше најдобро решение за сите. Шкендија останува во моето срце, а на сите им посакувам сè најдобро“, рече Жуниор.

Жуниор во Шкендија дојде во јануаро 2014 година, а беше дел од најуспешните години на клубот со освоени две титули и еден куп. Запиша 181 меч, даде 50 гола