Во Шкендија нема коронавирус: Сите членови на тетовци се негативни!

Поранешниот македонски првак Шкендија беше еден од двата тима кои уште во мај имаа двајца заразени од новиот коронавирус, па сега откако ги почнаа подготовките за новата сезона, но и за настапот во Европа – сите членови на клубот се чисти.

Шкендија денеска објави дека после тестирањето на тимот, играчите, членовите на стручниот штаб и вработените во клубот се негативни, па по еднонеделни подготовки во Маврово се враќаат во Тетово за да ги продолжат подготовките.

Негативните резултати од тестирањето на Шкендија сега и овозможнува нормално да продолжи со подготовките, а клубот веќе им има ставено на сите играчи и стручниот штаб највисок степен на професионализам, што значи нивна изолација од контакти со надворешни членови за да не се случи појава на нов заболен, а со тоа можнот за карантин на комплетниот тим.

Шкендија до европскиот настап има повеќе од еден месец за да се подготви, а за три недели треба да почне домашната сезона, која поради севкупната ситуација останува неизвесна дали ќе почне навреме или ќе има некое пролонгирање.