Во Битола го слават ФФМ: Благодарност за правичната одлука за наш пласман во Прва лига!

Битолската гордост Пелистер ќе игра во Првата лига во следната сезона, откако ФФМ денеска на својот Управен одбор донесе одлука за проширување на домашната елита на 12 клубови, па битолчани како првопласирани во западната воролигашка конкуренција обезбедија место, после комплетниот прекин на второлигашката сезона.

И од Битола експресно после одлуката упатија голема благодарност до ФФМ за правичната одлука која ја донеле и им овозможиле да бидат дел од прволигашката сезона 2020/21.

„ФК Пелистер е во прва лига! Исто така, Управниот одбор на ФФМ го прифати предлогот на Натпреварувачката комисија во Прва МФЛ од натпреварувачката сезона 2020/2021 да се натпреваруваат екипите кои во моментот на прекинот на натпреварувачката сезона 2019/2020 се на првото место на табелата од Втора МФЛ - Исток и Втора МФЛ - Запад;

П.С. Благодарност до ФФМ и ОФС како и управата на клубот за ова правично и фер решение“, објави Пелистер, кој годинава слави 75 години од своето постоење.

Фк. Пелистер е во прва лига! Исто така, Управниот одбор на ФФМ го прифати предлогот на Натпреварувачката комисија во...

Posted by ФК.Пелистер Битола on Friday, May 29, 2020

Битолчани по 16 кола до прекинот на сезоната поради пандемијата со коронавирус имаа 33 бода, четири повеќе од Скопје, а шест од Лабуништа, кој денеска буквално се расформираше. Во Втората лига, како на Западот, така и на Истокот не се одиграа барем две третини од сезоната, а останаа 11 меча до крајот на сезоната, две од вториот круг и уште десет од третиот круг.