ВМФЛ: „Лавовите“ денеска може да станат есенски шампиони!
Македонија Ѓорче Петров го пречекува Арсими и со победа во овој дуел „лавовите“ би направиле сериозен чекор кон титулата есенски шампион. Уште денеска тие би можеле и да стана есенски шампион во случај да не победат Брегалница и Башкими.
Во својот натпревар Брегалница на домашен терен игра со Охрид кој во последниот период има лоши резултати, додека Башкими оди на гости кај незгодниот Детонит кој сезонава покажа дека може да ги изненади фаворитите.
Сите натпревари се играат во терминот од 13:00 часот.
ВМФЛ 14. КОЛО:
Македонија Ѓорче Петров - Арсими
Борец - Брегалница
Брегалница - Охрид
Кожуф - Победа
Детонит - Башкими
Осогово - Саса
Вардар Неготино - Вардарски
Осогово - Саса
ТАБЕЛА: Македонија Ѓорче Петров 32, Брегалница 30, Башкими 29, Арсими 26, Каменица Саса 21, Детонит Плачковица 21, Охрид 21, Кожуф 18, Новаци 17, Беласица 16, Скопје 16, Победа 13, Вардар Неготино 11, Осогово 8, Борец 5, Вардарски 2.