Васоски: Ова е голема шлаканица, но веднаш да не правиме драми!

Уште на стартот од новата сезона во Првата македонска лига, екипата на Македонија го приреди најголемото изненадување во првото коло, откако славеше против најтрофејниот тим Вардар со 2-0.

По мечот, предводникот на „црвено - црните“, Александар Васоски, изјави дека ова е голема шлаканица за минатогодишниот вицешампион, но воедно апелираше дека не треба да се прават драми од само еден пораз.

Временските услови беа исти за двете екипи. Јас сум задоволен од играта во првиот дел, но целосен распад доживеавме во продолжението. Не знам што се случи. Јас предупредив дека првите натпревари од сезоната се најтешки за играње. Ова нека биде еден шлаканица за во иднина, не можеме да направиме толку шанси, а да не постигнеме барем еден погодок. Знаеме дека проблемот е во реализацијата. Не смееме веднаш да прави драми, истакна  Васоски.

Шанса за поправен Вардар ќе има следниот викенд кога ќе гостува кај тимот на Борец, тим кој по долги догини се врати во елитното натпреварување.