Најтрофејниот македонски фудбалски клуб, екипата на Вардар, денеска пристигна во словенечко Зрече, каде ќе престојуваат во следните две недели и ќе се подготвуваат за настапите во Лигата на Европа.

Вардар ќе одигра седум контролни мечеви за да се воигра пред почетокот на европската авантура, а тренерот Бобан Бабунски на подготовки зема 25 фудбалери.

„Црвено-црните“ се враќаат на местото каде што беа пред четири години, во 2014 година, кога Вардар се подготвуваше во Зрече, но во актуелниот состав нема ниту еден играч од тогашните фудбалери кои беа на подготовки на истото место.

Во тимот има четири нови имиња, Филип Најдовски, Дарко Мицевски, Виктор Јуфо и Алекс Талески.