Вардар убедливо поразен на вториот подготвителен меч

Фудбалерите на Вардар претрпеа убедлив пораз на пријателскиот натпревар против тимот на Горица (0-3).

Вардарци примија два брзи гола во првите десет минути, а потоа во вториот дел уште еднаш беа совладани.

Горица поведе во 5. минута кога Двомековиќ центрираше до Ндаје кој од 5-6 метри со глава го совлада Гачевски. Во 10. минута од мечот веќе беше 2-0 за противникот кога по центаршутот од левата страна Ловриќ ја прими топката, го мина својот чувар и погоди во мрежата.

Во вториот дел, во 62. минута Горица дојде и до трет гол, по одличното додавање до Бабец, кој излезе сам и погоди во десниот горен агол.

Ова беше втора контрола на Вардар на подготовките во Словенија. Првата со Дравиња не го дочека својот крај и беше прекината во 60. минута поради дожд при резултат 1:0 за „црвено - црните“.

ФОТО: ФК Вардар