Вардар со 25 фудбалери замина на подготовки во Словенија

Најтрофејниот македонски клуб Вардар по три дена работа во Скопје од попладнево е во Словенија, каде ќе ги одработи главните подготовки летово пред почетокот на новата европска авантура на 12 јули во квалификациите за Лига Европа.

Вардарци ќе бидат сместени во местото Зрече каде ќе претстојуваат 15 дена и ќе одиграат седум контролни мечеви за да се воигра пред почетокот на европската авантура, а тренерот Бобан Бабунски на подготовки зема 25 фудбалери

„Црвено-црните“ се враќаат на местото каде што беа пред четири години, во 2014 година, кога Вардар се подготвуваше во Зрече, но во актуелниот состав нема ниту еден играч од тогашните фудбалери кои беа на подготовки на истото место.

ГОЛМАНИ: Филип Гачевски, Филип Илиќ, Игор Алексовски.

ОДБРАНА: Владица Брдаровски, Горан Попов, Евгениј Новак, Кристијан Тошевски, Тодор Тодороски, Никола Серафимов, Филип Антовски.

СРЕДЕН РЕД: Бесар Исени, Фитор Реџепи, Кларенс Битанг, Вања Марковиќ, Филип Најдовски, Дарко Мицевски, Али Адем, Виктор Нилдо Јуфо, Алекс Талески.

НАПАД: Максим Максимов, Тигран Барсегјан, Матеј Цветановски, Јован Попзлатанов, Јакуп Бериша, Бојан Колевски.