Вардар се откажа од него, Тирана го претстави како Роналдо (ВИДЕО)

Дејан Блажевски стана нов фудбалер на ФК Тирана, откако Вардар не ја продолжи соработката со него. Албанците, пак, напротив го претставија како да дошла некоја европска ѕвезда.

Откако вчера излезе информацијата за трансферот, денеска се појави и видео со кое Дејан Блажевски е официјално промовиран. Да не го видите логото и да не знаете за кој клуб стануа збор, комотно можете да погодувате дека е некој врвен европски клуб.

Снимено со дрон, со ефекти и сигурно фатило неколкучасовна работа.