Вардар победнички тргна на подготовките – сите голови ги дадоа летните засилувања!

Најтрофејниот македонски клуб Вардар победнички ги започна овие летни подготовки во Словенија победнички тргнаа во подготовката за новата сезона и европскиот настап следниот месец во квалификациите за Лига Европа, откако попладнево го победија Шампион од Целје со 4-1 во конторлниот меч, прв од седумте планирани.

И тоа што барем на почеток треба да ги радува вардарци е што со голови тргнаа три од четирите досегашни летни засилувања. Прв погоди Бразилецот Јуфо (9. минута), два додаде Дарко Мицевски (22. и 34. минута), а последен стрелаше Филип Најдовски (82. од пенал) за убедлива победа и загревање на овие подготовки пред тестовите со далеку подобри екипи од оваа на Шампион.

Вардарци допрва ги чекаат своите главни засилувања со кои би имале далеку подобар тим, но како за загревање оваа победа треба да им ја крене самодовербата на играчите уште повеќе и тие максимално да се подготват до стартот на европскиот предизвик на 12 јули.

Вардар мечот го почна со Алексовски на голот, Новак и Попов како стопери, Брдаровски на десен, а Антовски на лев бек. Во средината играа Битанг, Јуфо и Мицевски, како крила Цветановски и Барсегјан, а во нападот најистурен Максимов. Во второто полувреме тренерот Бобан Бабунски направи комплетна промена за да им даде шанса на сите фудбалери кои се на подготовките во Словенија.