Вардар ги почна зимските подготовки со пораз од Иртиш

Најтрофејниот македонски клуб Вардар со пораз ги започна зимските подготовки во Аланија (Турција), по денешниот пораз со 1-2 од казахстански Иртиш.

Во првото полувреме мрежите мируваа на двете страни, но затоа во вторите 45 минути први во гол стигна Иртиш, а потоа Вардард израмни преку Владица Брдаровски во 65. минута.

Во продолжение од мечот следуваше една грешка на тимот на црвено-црните, која знаеше да ја казни екипата од Казахстан и да стигне до конечните 2-1.

Вардар следниот натпревар го игра на 22 јануари против екипата на Сумгаит од Азербејџан.

Вардар на зимските подготовки замина со ептен подмладен тим, со дури 12 младинци.