Третолигашки фудбалер позитивен на Ковид-19, цел тим испратен во – изолација!

Позитивниот текст на фудбалер од Кавадарци кој игра за третолигашот Росоман 83 е причината поради која целиот тим ќе замине во самоизолација, што воедно значи и дека нема да може да го одиграат за утре закажаниот бараж за влез во Втората лига против Слога Виница во Штип.

Веста за целосното изолирање за сите од екипата ја соопштија луѓето од клубот за порталот „Фокус“.

„Сите наши играчи и членови на клубот треба да бидат во самоизолација во наредните 14 дена, иако тестовите беа негативни. Поради заштита на јавното здравје, мораме да ги почитуваме мерките и препораките за заштита од коронавирусот“, информираат од Росоман 83.

Според Центар за јавно здравје Кавадарци, инфицираниот фудбалер е во добра состојба и се наоѓа на домашно лекување.